Професорката од факултетот за безбедност и екс потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски, преку својот Фејсбук се осврна на аферата со флсификуваните пасоши. Откако турскиот криминалец Седат Пекер преку адвокатите демантираше дека поседува македонски пасош со негова фотографија, а туѓ идентитет, Ременски напиша:

„ЏАДИН ОД ЧАИР ДА МУ СЕ ИЗВИНИ НА СЕДАТ ВО АФРИКА И НА FUCKING “СИСТЕМОТ ЗА ЧИПИРАЊЕ”“, пишува Ременски во својот пост.

Таа вели дека да се јави Седат Пекер од Средна Африка 24 часа по случајот со кражбата на идентитит за негов пасош, да пренесат сите медиуми, а да не се отворат клучните аспекти на овој криминал со меѓународни безбедносно-политички димензии за државата, тоа е возможно само кај нас.

🎯 КАКО ПЕКЕР ВЛЕЗЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА НА ПАСОШИ ВО МВР‼

Во скоро сите земји во кои се израборува и издава…

Posted by Frosina Remenski on Friday, 9 April 2021