Рекордно високи температури се регистрирани во саботата низ северозападниот дел на САД, беше објавено денес.

Advertisements

Во Портланд, Орегон, измерени се 42,2 степени Целзиусови, што е највисока температура досега забележана во тој град.

Портланд е меѓу најмалку осумте градови во Орегон и соседната држава Вашингтон, во кои претходните рекорди беа срушени или изедначени кога станува збор за високи температури, пренесува Гласот на Америка.

Во Сиетл, Вашингтон, измерени се 37,8 степени во саботата, што го прави најтоплиот ден досега забележан во јуни.

Прикажи повеќе