Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.720 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1021 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 117 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 95 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 102 болни, а во Куманово 86 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 109 пациенти, во Прилеп 136 во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 22 болен.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 31 во Кичево 35, Кавадарци 74, а во Гевгелија 25 лица позитивно и суспектно на корона вирусот.
После повеќе од една година во Македонија има 3.940 лица починати од ковид-19, а 134.867 заразени. Активни се 21.630 случаи.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.