Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се нови 1396 заразени од Ковид 19, од направени 11.479 тестирања соопшти министерството за здравство. Најмногу заразени има во Скопје, дури 790 од вкупниот број во изминатото деноноќие. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица, а дополнително преку Мој термин, согласно регистарот на починати од Ковид, дополнително регистрирани се 3 починати пациенти со датум на смрт на 17-ти и 18-ти декември. Воедно во изминатите 24 часа Регистрирани сe 348 оздравени пациенти.