Во последните 24 часа во Јужна Кореја се регистрирани 880 новозаразени со Ковид-19, 162 повеќе од вчера, што е рекорден број на нови случаи од почетокот на пандемијата во земјата.

Премиерот Чунг Ксу Кјун апелираше до граѓаните да се придржуваат до пропишаните мерки за физичко растојание без исклучоци и предупреди дека сите што ги игнорираат ограничувањата воведени од Владата ќе придонесат за ширење на епидемијата.

Јужнокорејските компании одлучија во канцелариите да работат само службени лица кои спаѓаат во категоријата неопходни работници, а забранети се и сите јавни собири на повеќе од 10 лица.

Здравствените установи го критикуваа однесувањето на голем број Јужнокорејци и предупредија дека недисциплината на граѓаните го забрзува ширењето на вирусот.