Освен Тетово, и Скопје вечерва беше зафатено од силно невреме проследено со силен ветер, грмотевици и град на некои места, со величина на лешник. Освен поплавени и непроодни улици кои ги имаше на одредени места во Градот, поради силниот ветер во населбата Автокоманда на влезот во Скопје, дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење. Според информациите, нема повредени.
Од ЦУК информираат дека од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар пристигнале околу 70 пријави од бројот 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров.