„Имав можност да испорачам сличен говор на оваа почитувана публика пред една година и тогаш никогаш немаше да помислам дека денеска ќе стојам овде пред вас повторно. Покрај земјите од ЕУ, САД и членките на НАТО нашиот регион беше силно наклонет да стои покрај Украина и со нејзиниот народ… Украинскиот народ треба да знае дека не е сам“, рече амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река на конференцијата „Украина – две години хероизам“, организирана од Амбасадата на Украина во соработка со ЦИВИЛ.

„Премиерот на Албанија Еди Рама повеќе пати ја има повторено поддршката и помошта за Украина. Оваа обврска беше спроведена со конкретни чекори, билатерали и желбата да се посети Украина во 2022“, рече Река.

„Она што политиката и дипломатијата треба да го прават секојдневно е да се преземаат мали чекори. Витално е за народот на Украина на чувствува и да сфати дека не се сами. Ние стоиме со нив и ќе ги поддржуваме“, изјави Река.

Превземено од Цивил Медиа