Регулаторната Комисија за енергетика објави дека во согласност со методологијата што ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажната цена на Дизел горивото се намалува за 0,50 денари по литар, со што од утре литар дизел ќе се продава по цена од 52,00 денари.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат односно стануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР
БС-98 изнесува 63,00 ден/литар.

– Advertisement –

Прикажи повеќе