Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.549 тестирања, а регистрирани се 415 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 244 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 19 починати лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројката на оздравени пациенти е 89.022, на починати е 3.037, а бројот на активни случаи изнесува 6.525.