Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.627 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани се 543 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 46 – 80 години. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 113.929, бројката на оздравени пациенти е 98.676, на починати е 3.364, а бројот на активни случаи изнесува 11.889.