Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.798 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19. Во Скопје 11 случаи, Тетово 6 и Свети Николе еден. За 24 часа оздравеле седум пациенти, а во изминатото деноноќие не е регистриран ниту еден смртен случај. Во моментов во нашата држава има 207 активни случаи.