Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.261 тестови, а регистрирани се 148 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 93, Битола – 11, Куманово – 9, Прилеп – 6, Кавадарци и Кочани – по 5, Тетово – 4, Кичево – 3, Велес и Неготино – по 2, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка, Пробиштип и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (148), регистрирани се 40 реинфекции.

Регистрирани сe 45 оздравени пациенти од: Скопје – 35, Куманово, Битола и Кавадарци – по 2, Прилеп, Кочани, Тетово и Гостивар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Скопје (84г),  починат на ден 27.06.2022 во болнички услови.

Направени се 1.261 тестови преку: ИЈЗ-156, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-35, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-14, ЦЈЗ Куманово-18, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–68, Жан Митрев (Филип Втори)-26, Авицена-17, Биотек-124, Систина-53 лабораторија Лаор-26, Синлаб-4, Ремедика-10, Плодност-4, Генеа-18, Никоб Лаб-47, ВФВ Медикал-285, Ели МедикаПлус-7, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 286.

Досега во земјата се направени вкупно 2.080.874 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.856, бројот на оздравени пациенти е 303.783, на починати е 9.323, а бројот на активни случаи изнесува 750.