Тинк-тенк организацијата „Аналитика“ организираше регионална работилница за улогата на граѓанскиот сектор во борбата против родово базираното и семејното насилство.
Целта на проектот е размена на добри практики за развој на нови методи кои ќе ја зголемат соработката помеѓу институциите, носителите на одлуки и граѓанските организации, со што ќе се прошири улогата на граѓанското општество во справувањето со родовото и семејното насилство и спречување на фемицид како најсериозна форма на насилство.
Како што пренесуваат од „Аналитика“, според податоците од МВР за 2021 година пријавени се 1097 сторители на насилство од кои 90 отсто се мажи, а 77 проценти од жртвите се жени од кои 39 проценти во својство на сопруги. Триесет и два отсто од кривичните дела поврзани со семејно насилство биле резултат на состојба на растројство на сторителот, а 16 проценти резултат на дејство на алкохол.
Со работилницата раководеше Наташа Амдију, експерт на темата, а на свои излагања имаа експертите Ивана Стошиќ од Србија и Реѓина Марку од Албанија.
Тридневната работилница се одржува во рамки на проектот „Подигнување на свеста против семејно насилство“, што го спроведува тинк-тенк организацијата Аналитика од Скопје до поддршка од Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).