Во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, Реал Мадрид го совлада Ливерпул со 3:1.
Првото полувреме му припадна на Реал Мадрид. А, каков беше Ливерпул, покажува и фактот дека тие не испратија сериозен удар кон голот на Реал во првото полувреме.
Кралевите тргнаа „бесно“. Тие имаа две добри шанси преку Винисиус и Бензема во 13. и 18. минута, но остана 0:0.
Во 27. минута Винисиус и избега на одбраната на Ливерпул и го совлада Алисон со 1:0.
Катастрофалното полувреме на „црвените“ беше зачинето со аматерската реакција на Арнолд во 36. минута, а Асенсио го искористи тоа за рутински да ја затресе мрежата на Ливерпул за водство на Реал од 2:0.
Второто полувреме подобро го отвора Ливерпул. Алкантара упати одличен центаршут во 48. минута, но секако интервенираше одбраната на Реал.
Во 51. минута гостите намалија на 2:1, а стрелец беше Салах.
Сепак, Реал ја претвори следната шанса во гол. Винисиус погоди за 3:1 во 65. минута на асистенција на Модриќ.
До крајот на мечот имаше шанси од двете страни, можевме да видиме уште неколку голови, но резултатот остана 3:1 и Реал има добра предност пред реваншот.