Геолошкото откритие може да вреди околу 10.000 американски долари, откако се покажа дека внатрешноста на парче вулканска карпа изгледа како „Cookie Master“ од Улицата Сезам.
„Ретко може да се најде толку добро дефиниран камен“, рече геологот Мајк Бауерс, сопственик на реткото откритие.
Боуерс за „Сан“ изјавил дека видел и други камења кои изгледат како саканиот лик од „Sesame Street“, но овој дефинитивно најмногу личи на „Cookie Monster“.
„Cookie Monster“ е лик од култната телевизиска емисија „Sesame Street“ познат по неговиот голем апетит и познатата фраза за јадење „Јас сакам колаче!“, „Јас јадам колаче!“ или едноставно безвременското „Ом ном ном ном“.
Боуерс вели дека овој агат – вид кварц е пронајден во древни шуплини од лава бил пронајден во бразилскиот регион Рио Гранде до Сул за време на негово патување во ноември минатата година.
Meanwhile volcanic rocks are being found in Brazil that look like Cookie Monster pic.twitter.com/XzG156ntzS
— Aaron Cohen (@ImoveCar) January 19, 2021
Откако објави фотографии од своето откритие на својот фејсбук-профил, Боунерс веќе доби неколку понуди за реткиот камен, од кои некои се во износ од околу 10.000 американски долари.