Исклучениот пратеник на БЕСА Кастриот Реџепи, кој ја урна опозициската иницијатива за недоверба на владата, вели дека е убеден оти Македонија до крајот на јануари ќе добие датум за почеток на преговорите со Европската унија.

-Многу блиску сме да се надминат пречките и да започнеме разговори. Имаме информации и од претставници на државите од Европската унија, од САД, но исто така и од Владата. Бевме брифирани од премиерот за време на координацијата на партнерите на мнозинството, каде што беше кажано дека веќе е испратен документот како одговори на барањата за дообјаснување на некои точки кои беа пречка – рече Реџепи на Сител.