Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејди вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, каде се разговараше за последните политички случувања, истакна дека доколку Алтернатива одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти партијата.
Тој вели дека најверојатно ќе го напушти и пратеничкиот мандат.
„Во моментот кога политичкиот субјект на кој припаѓам (Алтернатива) утре или задутре, се одлучи да го прифати потписот заедно со Левица на списокот, тогаш мојата одлука ќе биде сигурно напуштање на партијата, можам дури и да го вратам пратеничкиот мандат“, рече Реџепи за ТВ21.