Пратеникот Кастриот Реџепи реагираше на својот Фејсбук профил по одлуката на лидерот на Движењето Беса, Билал Касами да го исклучи од партијата, објавувајќи фотографија на која пишува „Господ да ја благослови Америка“.

Реџепи е исклучен од партијата Беса поради неговата вчерашна постапка – не појавување на собраниската седница на која требаше да се гласа недоверба на Владата.