Пратеникот Скендер Реџепи кој пред два дена ја напушти Алтернатива и одлучи да делува како независен, вели дека и понатаму ќе продолжи да го поддржува владејачкото мнозинство.

-Се додека Владата ќе се заложува да го започне реализирањето на програмскиот договор со Алтернатива, јас ќе бидам тука со убедување дека има и време и капацитет да се реализира истата, вели Реџепи за Телма, притоа додава:

-Јас чекав тесното раководство на партијата да донесе одлука со која ќе се подобри досегашното едноумие во партијата, но тие со последните одлуки, го продлабочија тоа едноумие, поради што неизбежна беше мојата одлука за независно политичко делување, вели Реџепи.