Денес заменик министерот за Транспорт и врски г. Беким Реџепи учествуваше на тркалезна маса на тема „Култура на интегритет – Пат до успех во борбата против корупцијата“, во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата, одржана во Владата на Република Северна Македонија.
„Министерството за транспорт и врски е меѓу првите институци кое креираше План за спречување на корупцијата што е од големо значење во делот на справување со оваа штетна појава која го попречува остварувањето на законските права на граѓаните и бизнис секторот. Корупцијата има многу форми и затоа правилното детектирање на ризиците од нејзино појавување и нивно соодветно адресирање е од особена важност”- истакна Заменик министерот Реџепи.
Целта на Тркалезната маса е зацврстување на заложбите на институциите, во насока на целосно воведување на системот на интегритет, правилна имплементација на Законот за заштита на укажувачите и успешно исполнување на практичното упатство за правилата за ad-hoc откривање и управување со случаи на судир на интереси за членовите на Владата, како дел од препораките од петтиот круг на евалуација на Групата на држави против корупцијата – ГРЕКО.
На тркалезната маса обраќање имаа Претседателот на Владата на Република Северна Македонија г. Димитар Ковачевски, заменик шеф на делегацијата на Европска Унија г. Јулиан Васало, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата г-ѓа Билјана Ивановска, Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење г-ѓа Славица Грковска, како и меѓународни експерти од областа.