Само 12 отсто од вработените во државава се во зоната каде што со својата нето-плата можат да си ја дозволат минималната синдикална кошничка, која во април беше 49.384 денари. А, 8,8 проценти од работниците, пак, земаат 2,5 пати помали плати од износот на кошничката за април

Државниот завод за статистика пресмета, а Владата се пофали дека просечната нето-плата во март 2023 година е 34.925 денари. Оваа убава сума е, сепак, само просек, но и таа е далеку од потребите за задоволување на минималната синдикална кошничка за четиричлено семејство, за која Сојузот на синдикати на Македонија пресмета дека за април 2023 изнесува 49.384 денари.

Но, дополнителен проблем околу просечната нето-плата е и податокот што дури 306.943 работници во државава земаат плати до 30.000 денари.

Целата анализа на порталот Пари.мк