Министерството за здравство денеска информираше дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.
„Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 395.776 граѓани“, додаваат од таму.
Во државата вкупно се аплицирани 255.259 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани.
За вакцинација можете да се пријавите преку веб страницата vakcinacija.mk и преку својот матичен лекар.