Светски познатата италијанска убавица и актерка која светот ја памети по незаборавните улоги во многу филмови, Софија Лорен, плени со својот изглед и шарм со децении.
Многумина се воодушевуваат од нејзината убавина, но сепак, и таа, како и многу други жени, се соочува со незадоволство од нејзиниот физички изглед.
Нејзиниот најголем „проблем“ се темните кругови под очите кои како што вели, со години ѝ создавале несигурност.
Се разбира, не е лесно секогаш да изгледате свежо, особено по долгите филмски сетови кои понекогаш траат и десетина часа.
Затоа оваа Лорен секогаш има „тајно оружје“ со кое го негува делот околу нејзините очи. А најдобро од сè, е фактот што не станува збор за некој скап производ туку за нешто сосема природно.
Листови од свежо нане
Употребата е многу едноставна, смелете неколку ливчиња нане, а самата свежина што ја содржи ова растение ќе даде доволно влага за смесата да се претвори во паста. Нанесете ја пастата од нане под очите и оставете ја да делува околу десет минути. Исплакнете со млака вода и нанесете си ја вообичаената крема.
Прекрасната оскаровка е позната со децении како една од најубавите жени во историјата на кинематогрфаијата, а таа е убавица и денес, во деветтата деценија од нејзиниот живот. Софија Лорен во септември минатата година го прослави својот 86-ти роденден.