Привршува општата расправа на пратениците во Собранието по предлог ребалансот на буџетот. Пратениците од опозицијата обвинија дека со ребалансот власта планира да потроши милиони за непродуктивни трошоци наместо за реални проекти.
Advertisements
Ќе се потрошат 750 милиони евра пари кои ги немаме, што ќе значи нови задолжувања. Минимум со овој ребаланс ќе ја задолжите државата и граѓаните со нови 200 милиони евра но ве убедувам дека ова задолжување ќе биде уште поголемо бидејќи дефицитот со сигурност во 2021 ќе ја надмине бројката од 6.5 проценти и во најдобра рамка би изнесувал над 900 милиони евра“, рече Петар Ристевски- пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
За власта со ребалансот се обезбедуваат пари потребни за граѓаните и стопанството, и за набавки на мебел и опрема за училишта и градинки а не за непродуктивни трошења .
„Во ребалансот на буџетот точно се дефинирани кои суми зошто и како треба да се потрошат до крајот на оваа година. Многу добро знаете средствата се за економијата, за стопанство зошто ние сеуште сме во некој посткризен период отколку кога беше пред една година кога короната кризата беше во пик. Мислам дека не е лицемерен овој ребаланс на буџетот туку е многу реален и финансиските средства реално ќе се потрошат до крајот на годината“, рече Диме Велковски- пратеник на СДСМ.
Со ребалансот на буџетот капиталните инвестиции се зголемени за 27 проценти споредено со првичниот буџет. Буџетскиот дефицит ќе се продлабочи за дополнителни 180 милиони евра и до крајот на годинава се планира да досигне 6.5 отсто од БДП.
Андреа Чобанова