Триесет отсто е реализацијата на капиталните инвестиции од почетокот на годинава до сега, објави Министерството за финансии. Станува збор за проекти како изградба на училишта, градинки, болници, патишта и слично, ветени од страна на власта дека ќе бидат завршени до крајот на оваа календарска година. Но, во капитални инвестиции влегуваат и купувањето на нов мебел за институциите и нови возила. Дел од институциите си се подновија со нов мебел, а владата објави и дека ќе го менува возниот парк и ќе набави нови 45 пасати за министрите и за останати потреби на државата. Од податоците на ресорното министерство може да се забележи дека 16 државни институции пријавиле дека имаат нула реализација на капиталните инвестиции.

Advertisements

Прикажи повеќе