„Лос бланкос“ вечерва ќе ја бараат победата против Реал Сосиедад од Аднан Јанузај за да се доближат до ривалите за титулата шампион во Ла Лига

Реал Мадрид и Реал Сосиедад вечерва ќе го затворат 25. коло од шпанското првенство.

„Лос Бланкос“ веќе немаат простор за грешки доколку сакаат да ја освојат титулата шампион во Ла Лига.

На „кралевите“ им требаат три бода со оглед на тоа што ривалите Атлетико и Барселона ги добија соодветните дуели викендов.

Во моментов, Реал е трет на табелата, со 6 бода помалку од лидерот, Атлетико Мадрид и еден бод помалку од Барса.

Од друга страна, Аднан Јанузај и неговите пријатели имаат позитивна сезона и вечерва ќе побараат барем бод.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад ќе започне во 21 часот.