Зинедин Зидан официјално замина од Реал Мадрид, а ден претходно Антонио Конте го напушти Интер. 24 часа подоцна шпански „АС“ тврди дека „Кралевите“ почнале преговори со Италијанецот за нивната клупа.
Како што дознава АС, Мадрид веќе го контактирал Конте за да ја дознае неговата достапност и неговата идеја во случај на преземање на новиот проект на клубот. Во тој разговор, клубот од Мадрид сакал да знае како идејата на Конте се вклопува во планот за обновување на составот што го имаат на „Бернабу“.
Воедно „АС“ додава дека време е за тешки одлуки во клубот, а една од најглавните е да им се заблагодари на дел од фудбалерите кои во изминатиот период беа костурот на тимот. Интересот за Конте е одамна, бидејќи тој беше главниот кандидат да го замени Лопетеги во 2018.