Дефанзивецот на Баерн Минхен, Давид Алаба, кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.
Според „Марка“ 28-годишниот Австриец веќе бил подложен на лекарски преглед. Договорот со играчот ќе трае четири години, а годишната плата ќе биде околу 11 милиони евра.
Алаба ќе му се приклучи на Реал Мадрид ова лето кога ќе му заврши договорот со Баерн Минхен. Дефанзивецот одигра 22 натпревари оваа сезона, постигна 1 гол и 1 асистенција.