Норвешкиот напаѓач Ерлинг Браут Халанд е желба на многу клубови од самиот врв на европскиот фудбал.
Желбата да се донесе фантастичниот Норвежанец одамна не ја криеше Реал Мадрид и повторно се појавија нови информации за неговиот можен трансфер од Дортмунд во Мадрид.
Така, угледниот шпански весник АБЦ пишува дека клубот од Мадрид ќе стори се што може е во текот на летото за Халанд да го облече дресот на Галактикос во следниот преоден рок. Шпанскиот шампион има информации дека клубот од Дортмунд е во тешка финансиска состојба и дека на „Милионерите“ итно им треба сериозна финансиска инјекција. Веќе некое време, младиот Англичанец Санчо веќе не е толку привлечен за клубовите кои го посакуваа последната година, а Халанд е единствениот каде германскиот великан може да оствари сериозен профит.
Заинтересираните клубови би можеле да ја активираат клаузулата за обештетување на Халанд од 70 милиони евра во текот на летото 2022 година, но ABЦ тврди дека Реал нема намера да го чека Халан за уште една година. Кралскиот клуб е подготвен да им плати на Борусија 90 милиони евра плус уште 20 на име бонуси што Халанд може да ги постигне. Покрај тоа, Реал би им ги дал на Маријан Дијаз или Лука Јовиќ, кој во моментов е на позајмица во Ајнтрахт, во замена за услугите на одличниот скандинавец.
Борусија ги заврши последните две сезони со голем дефицит и овој вид на блокбастер трансфер е очајно потребен за да ги санира своите долгови и минуси и да го задоволи финансискиот фер-плеј. Во своите планови за следните два преодни рока, мадридскиот клуб имаше намера да го купи Калијан Мбапе летово, по што следи Ерлинг Халанд. Но, според ABЦ, Флорентино Перез би можел да ги донесе и двајцата ова лето.
loading…