Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги ангажира своите играчи да вршат притисок врз Мбапе за да го убедат да дојде на „Енфилд“.
Зимскиот преоден рок сè уште е активен, но досега нема ниту еден бомбастичен трансфер и тоа највеќе благодарение на пандемијата на коронавирусот која ги натера екипите на штедење, а дел од клубовите ги чуваат парите за летниот преоден рок.
Токму идното лето се очекува да биде едно од највозбудливите во изминатите 10-20 години бидејќи уште сега се шпекулира дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси ќе ја напушти Барселона, а истото се погласно се зборува и неговиот најголем конкурент за индивидуалните награди, Кристијано Роналдо кој исто така може да си замине од Јувентус.
Но, покрај едни од двајцата најдобри фудбалери на сите времиња, ѕвезда на преодниот рок се чини дека ќе биде одличниот француски напаѓач Килијан Мбапе.
Мбапе на лето ќе влезе во последната година од договоор со ПСЖ и веќе најави дека нема намера да потпишува нов со францускиот тим.
Тоа ги отвора вратите за Реал Мадрид кој последните неколку месеци се смета за фаворит за трансфер на Мбапе.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез се подготвува за напад на 22-годишниот фудбалер. Перез е подготвен да плати дури 200 милиони евра на лето колку што би барал ПСЖ, но сега во трката влегува уште еден тим кој е подготвен да ја плати оваа сума. Според француски Канал+, Ливерпул влегува во трката за потписот со Мбапе и менаџерот Јирген Клоп веќе почна да работи на „случајот“. Имено, Клоп го одредли Фабињо кој во Монако играше заедно со Мбапе, да биде линкот со одличниот напаѓач и да му стави до знаење дека во Ливерпул би бил прва ѕвезда на екипата иако на „Енфилд“ тој статус сега го има Мохамед Салах.