„Со која ЕУ се консултирал Ковачевски? Додека тој даваше изјава тие ги осудија измените во КЗ, така и за уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ги отфрли, попусто се надева.

ЕК денес излезе со став дека жалат за недостатокот на сеопфатни консултации на власта со домашните чинители и ЕУ пред усвојувањето на измените, но и за злоупотребата на европското знаменце.

Наместо владеење на правото, со Ковачевски имаме владеење на криминалот, неказнивоста на владините функционери е императив на неговата работа, а реформи не само што нема на повидок, туку Македонија и назадува.

Ковачевски наместо како расипана грамофонска плоча да повторува уставни измени подобро ќе биде да распише избори, зошто уставни измени нема да има“, се вели во реакцијата  на ВМРО-ДПМНЕ.