„По ден и пол молк, се јави Христијан Мицкоски ама не кажа ниту збор за настаните во Тетово и Скопје.

Нема ништо од Мицкоски ниту за државната химната, ниту за државното знаме, ниту за провокациите, нема ниту осуда.

Со ова Мицкоски се стави во одбрана на своите коалициски партнери кои беа организатори на настаните во Тетово и Скопје.

Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми.

ДПМНЕ е коалиција во Тетово токму со Касами. Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа.

Наместо да молчи, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата за настаните во Тетово и Скопје“, се вели во реакцијата на СДСМ.