„Честито Таравари! Балансерот е укинат, нема повеќе вработувања за Албанците.
По предупредувањата на претставниците на моноетничката Влада, Мицкоски, Димитриевски, Таравари, денеска Уставниот суд направи голем чекор од проектот за деалбанизација на државата. Денешната одлука за укинување на Балансерот е удар за еден од главните столбови на Охридскиот договор, правичната и соодветна застапеност. Од денеска па натаму нема да има загарантирани работни места и именувања на раководни позиции на Албанците и другите немнозински заедници. Му честитаме на господинот Арбен Таравари за големата „победа“ против Албанците и сервилноста кон оваа антиалбанска Влада. Тој ги надмина Мицкоски и Димитриевски изразувајќи се дециден против вработувања по етничка основа и беше последниот соопштувач на оваа одлука што следеше денеска.
Го потсетуваме Уставниот суд дека ова беше институцијата која во историјата на државата предизвика најголема дискриминација и неправда и како резултат на тоа најстрашни немири. Ја потсетуваме сегашната моноетничка Влада, каде не се разликуваат веќе ни сервилните партнери, кои беа во еден глас со Мицкоски и Стоилковиќ, дека ја враќат државата 24 години назад, до времето пред потпишувањето на Охридскиот договор. Денеска цела јавност виде кои се сценаристите на дестабилизацијата и кој сака тензии. Обвинувајќи ги Албанците и прегазувајќи ги Албанците во исто време, нема да можете да ги реализирате вашите планови, а камоли да не искомплицирате и исплашите. Ние заедно со Албанците нема да прифатиме вакви самоволни одлуки, со етничко надгласување, кои ги уништуваат досегашните достигнувања од Охридскиот договор.
Ние, исто така, ќе ги алармираме гарантите на ОД, Меѓународната заедница, и ќе го кренеме нашиот глас на секаков демократски и легитимен начин.
Вие кои веќе ништо не вредите, а станавте сервилни и извршители на најтешките одлуки против Албанците, ќе останете долго запаметени во историјата по вашите предавства“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.