„Чим лицето А.Г., симболот за политичка корупција и казино криминалиите, се јави да ја “брани” Претседателката на Косово, Вјоса Османи, се е јасно! Нема да не зачуди ако во истрагата се докаже дека негови послушници свесно и со умисла го испровоцирале скандалот со скенерот на аеродромот.
ВЛЕН како гласот на Албанците во Владата е сигурен партнер на САД, ЕУ, Косово и Албанија. Маката на ДУИ е што никој не им ја прифаќа лажната теза дека некој им го украл легитимитетот. А пустите, само крадење им е во умот и опседнатоста како да го задржат нелегално стекнатиот имот.
Многу им е гајле нив за Охридскиот Рамковен Договор и за Албанските национални интереси. Единствено нивно гајле е што дојде времето за соочување со одговорност. И сега бараат чаре, се дават во своите гревови и затоа се фаќаат за сламка. Дрско ги потценуваат Албанците мислејќи дека се наивни и дека ќе им дозволат да ги направат заложници за нивните корумпирани поранешни функционери да се спасат од правосудни постапки.
Додека „јагнињата да стивнат“ имаме една порака – срамот што ќе ве стигне ќе биде толку голем што и тоа добро што некогаш Али Ахмети го направил за Албанците, ќе си го помножите самите со нула. Нема бегање од вистината!
Како ВЛЕН изразуваме загриженост што ДУИ, се служи со лаги и манипулации во обид само да му наштети на ВЛЕН, без да се грижи кави последици ќе му нанесе на Република Косово.
Ја повикуваме јавноста да ги следи фактите, а не пропагандадта на ДУИ. Фактитете се следни:
1. МВР и државата немаат надлежност врз безбедноста на аеродромот, туку тоа е под надлежност на концесионерот во случанојт тоа е ТАВ.
2. Согласно Вијенската конвенција, државните челници имаат специјален третман при патување, но деталите за безбедностите протоколи ги одредува концесионерот на аеродромот.
3. Слично недоразбурање имало и кога Талат Џафери бил технички премиер, зошто ДУИ не зборуват за тоа. И го повикуваме ДУИ дали кога тие биле на патувања ги заобиколувале скенерите. Уште еднаш ги повикуваме ДУИ да престанат да шират манипулации, и да престанат да ги нарушат односите помеѓу Косово и Македонија, а јавноста ја повикуваме да не потпаѓаат под пропагандата на ДУИ“, се вели во соопштението на Коалиција „Вреди“.