Петар Богојески од Македониски концепт ги отфрла лажните наводи и невистини изнесени од бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов дека Богојески има бугарски пасош. Како што се вели во пимената реакција, Каракачанов ги преминува црвените линии.
-Каракачанов веќе ја преминува црвената линија. Со овие удбашки методи на црнење на моето име ништо нема да постигнеш, напротив уште повеќе ме мотивираш да ве направам турска туршија или да ве растурам како бугарска скупштина”, изјави Богојески.
Тој во реакцијата вели дека нападот против него започнал со лаги дека е кадар на Каракачанов во Македонија и дека е финансиран токму од него, потоа продолжи со невистини дека Каракачанов го школувал Богојески во Бугарија и му давал стипендија, па повторно лаги за фиктивна средба на Пироска 5 и престој на Петар Богојески во апартманите на Каракачанов, лаги и манипулации дека има Бугарски пасош уште од 2002 година, за да денес дознаеме од истиот Каракачанов дека Богојески има пасош на Обориште.
Богојески го повика Каракачанов да потврди дека навистина е тој споменатото лице Петар Богојески, и во тој случај ако се потврди за точно да му додели бугарски пасош по брза постапка, во спротивно ќе отпочне судска постапка каде Каракачанов ќе треба да ги докаже сите лаги и клевети изнесени за Богојески.
-Ако ми дадеш пасош следните денови и ме внесеш во избирачки список, за жал нема да гладам за ниту една болшевичка опција во која за жал си и ти, а ќе гласам за вистински европски политичари во Бугарија, кои знаат што значи проширување на ЕУ на Балкан, заклучи Богојески.
https://zoom.mk/35439/