Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Разведените  жени и самохраните мајки, како погубна закана за македонското општество, да се одведат во работни логори, а нивните деца да ги земе под закрила црквата и да ги зачлени во Христијанската младина на владиката Петар.

Вака би изгледало идеалното македонско општество во клеро – фашистичкиот светоглед на „ајатолахот“ Петар на Македонската Православна Џамахирија, судејќи според неговото последно послание во кое вели  дека на нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост, односно манипулативна терминологија која е богохулна, противприродна, изопачена.

Големиот манипулатор, уште еднаш ги злоупотребува верските чувства на населението, големиот христијански празник Велигден и својата положба во свештената хиерархија како митрополит Преспанско-пелагониски и во Велигденското послание жестоко го нападна феминизмот и обвини дека родовата еднаквост е изопачена, а на нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост!

Понатаму, тој го надградува своето „откровение“ дека оваа идеологија, односно манипулативна терминологија е богохулна, противприродна, изопачена, Господ ги создаде машко и женско и се друго изменето, поинакво и поразлично од божјото создание е ненормално, а со тоа и неприфатливо

Очигледно, тој или ги побркал поимите, или ги измешал лекарствата, а многу веројато и двете. А секако го промашил времето во кое живееме, заменувајќи го со златното време на инквизицијата, кога за ваквите „неморални“ и општествено опасни жени имало едноставно и брзо решение – палење на клада..

Единственото богохулие тука е отровот што го шири митрополитот и со кој навредува и понижува 51% од популацијата, и тоа токму за Велигден.

Прашањето е дали припадничките на оваа популација ќе застанат во одбрана на своите права, и секако на правата на категоријата вернички која ја „анатемисува“ митрополитот, разведените жени и самохраните мајки, од кој голем дел не станале тоа по соптвена вина и избор.

Дали македонските верничките конечно ќе се одважат да станат во своја одбрана од ваквите шовинистички изјави на „озлогласениот“ митрополит, на кого ова не му е прв пат да ги меша духовното и световното, секаоко за своите лукративни потреби, кој уште на времето, од тогашните југословенски тајни служби го добил кодното име –  Расипник.

Јавна осуда од неговите „содружници“ од „deal oriented“ МПЦ – ОА во моментов, изгледа, не е реална опција.

Превземено од Цивил Медиа