Без оглед колку често ќе ја подготвувате, секогаш повторно и повторно ќе се навраќате на неа…
Потребни состојки: 500 гр кори за пита, 1 литар млеко, 200 грама шеќер, 3 пудинга од ванила, 40 гр путер, 100 мл масло, 200 грама гриз, 200 мл јогурт, 1 ванилин шеќер, 1/2 прашок за печиво, 3 јајца, 300 грама вишни.
Подготовка: Во сад на оган ставете 700 мл млеко, додадете 7 лажици шеќер, загрејте, а во останатите 300 мл размататете го пудингот од ќесичките. Соединете го млекото и сварете го пудингот. Пудингот префрлете го во сад, додадете му 40 грама путер, прекријте го со фолија и одложете го да се лади. Додека пудингот се лади подгответе го преливот за корите.
Со жица за матење измешајте ги јајцата, додавајте го шеќерот постепено и матете. Потоа додадете го маслото, јогуртот, гризот, ванилиниот шеќер и половина прашок за печиво. Мешајте и убаво соединете ја смесата.
Започнете со правењето на питата така што ќе редите на следниот начин – четири кори, на секоја ставете прелив, на 3-та вишни, а на последната пудинг. Завиткајте во ролат.
Повторувајте го процесот се додека имате материјал. Ролатите премачкајте ги со остатокот од преливот. Ставете ги во плех и печете 30 минути на 180 степени. По желба наросете со шеќер во прав.
Погледнете ја целосната постапка во видеото…