Разрешен е директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана, соопшти денеска АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ е донесена одлука за кадровски промени со кои е разрешен и директорот на РЕК Осломеј Златко Пиперкоски, а на негово место за в.д. директор е назначен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во Рудници.
-Во следните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза, најавуваат од АД ЕСМ.