Двајцата поранешни претседатели на Врховниот суд, Јово Вангеловски и Лидија Неделкова, и двајцата разрешени од страна на Судскиот совет, денеска се соочија во Кривичниот суд на судскиот процес којшто се води против Вангеловски за злоупотреба на службената положба и овластувања, јавува Слободен печат.
Против Вангеловски се води судски процес оти на Неделкова не и исплатил надомест на плата од 500 евра. Вангеловски беше меѓу првите судии кои беа разрешени, а неодамна Судскиот совет ја разреши и Неделкова.