Рибарев е разрешен поради тоа што правел малверзации со АКМИС системот односно исклучил неколку судии од компјутерскиот систем со тоа што тие судии не можеле да бидат бирани на предмети на СЈО во времето кога истекувал рокот на специјалното обвинителство за покренување на постапки.

Претходно беше прифатена жалбата на Рибарев за разрешување и неговата постапка беше вратена во судскиот совет, а денеска во втор степен беше потврдено за конечно неговото разрешување. Рибарев беше назначен привремено на местото на Владимир Панчевски кој пак веќе е осуден за злоупотреби на АКМИС.

Во втор степен, без право на жалба се разрешени и штипските апелациони судии Сузана Здравева и Зоранчо Мицевски. Здравева водела судска постапка на странка застапуван од адвокатска канцеларија во која работел нејзиниот син. Мицевски како претседател на штипскиот Апелационен суд не ја изземал судијката Здравева од предметот поради недозволените семејни врски на судија и адвокат. Двајца основни судии од Штип и Тетово се разрешени денеска, но имаат право на жалба.