Судскиот совет денеска ја разреши судијката и поранешна претседателка на Кривичниот суд во Скопје, Татјана Михајлова поради нестручно работење и злоупотреба на АКМИС системот.
Михајлова го судеше случајот на СЈО, “насилството во Центар” и често пати влегуваше во жестока расправа со обвинителите од СЈО, а на едно од рочиштата ги казни Катица Јанева и Фатиме Фетаи со по 2.000 евра за „непочитување на судот”.
Подоцна предметот и беше земен, бидејќи од 1 јануари 2018 година, од одделението за организиран криминал беше прераспоредена во одделението за прекршоци.