Единаесетмина членови на Судскиот совет се изјасниле „за“ разрешувањето на судијката Софија Лаличиќ, додека двајца биле „против“.

Софија Лаличиќ е најмладата судијка во скопскиот Основен суд 1, која својата кариера ја почна на 28 години.

Таа беше под истрага и од некогашното Специјално јавно обвинителство, бидејќи поседуваше телефонски разговори и смс комуникација помеѓу разрешената судијка и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Поради ова, таа беше изземена и од одлучувањата за предметите на СЈО.

„Донесена е одлука со која е продолжена постапката по едно барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд. Донесена е одлука со која еден судија се разрешува од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено донесена е одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката“, велат од Судскиот совет.