Лидија Неделкова, судија во Врховен суд е разрешена. Судскиот совет одлуката ја донел едногласно по денешната расправа. Неделкова беше еден од тројцата кандидати за претседател на Врховен суд. Во петокот Судскиот совет ја одбра Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд.
Иницијативата за разрешување на Неделкова беше поднесена од сега веќе разрешениот судија Јово Вангеловски.