Врховниот судија Стојанче Рибарев е неправосилно разрешен од функцијата, пишува СДК.мк. Како што информира порталот, разрешен е затоа што правел злоупотреби во електронскиот систем за самостојна распределба на судски предмети, местел предмети за висока корупција против поранешни високи .
Тој е разрешен и оддалечен од работното место. Неговото нестручно и несовесно работење, според извори од Судскиот совет, се однесува на времето додека беше в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје и ги правеше распоредите на судии.
Како што пишува СДК.мк во јули 2017, кога при погрешна проценка на Рибарев се случи за случајот „Тенк“ за набавката на скапиот блиндиран „мерцедес“, кривичниот совет да гласа 2 спрема 1 Никола Груевски да биде притворен, тој го спаси од притвор. По дојава на судијката Дијана Груевска, Рибарев ургентно го врати од приватно патување во Битола судијата Марин Станевски, го извади судијата Дарко Тодоровски од советот, и успеа да направи обратен сооднос на гласовите.