Алерголозите објаснија дека клучната разлика помеѓу сезонските алергии и симптомите на коронавирусот е појавата на зголемена телесна температура.

Повеќето пациенти кои имаат долгогодишни проблеми со алергиите, научија да ги препознаваат симптомите – течење на носот, гребење во грлото… Клучната разлика е во појавата на зголемена телесна температура, сезонските алергии нема да манифестираат температура, потенцираат алерголозите.

Алергиите можат да бидат проследени со течење или затнат нос, гребење во грлото и кашлица предизвикана од постназално капење, кои би можело да потсетува на кашлица предизвикана од коронавирусот.

Сетила за мирис и вкус

Губењето на сетилата за мирис и вкус се симптоми на ковид-19, што не е карактеристика на алергија.

Чешање на очите

Алергиите често предизвикуваат чешање, насолзени и црвени очи. Ковид-19 не е поврзан со овие типови на симптоми на алергиски конјунктивитис. Сепак, се порачува доколку луѓето не се сигурни дали имаат алергија или најрани симптоми на инфекцијата со ковид-19, да се обратат кај лекар, бидејќи со минимална дијагностика лесно е да се утврди за што станува збор.