Иран ја претстави својата втора домашна вакцина против коронавирусот и соопшти дека започна со тестирање на луѓе, објави денеска ирачката државна телевизија.
Вакцината „Рази Ков Парс“, произведена од Институтот за истражување на вакцини и серуми „Рази“, ќе се тестира на 13 лица во рок од осум дена, и доколку не се појават сериозни реакции, ќе се тестира на групи од 20 до 120 лица, изјави управителот на Институт Али Ешаки.
Тој рече дека вакцината е веќе тестирана на животни, вклучувајќи глувци, зајаци, хрчаци и мајмуни.
Иран работи и на производство на заедничка вакцина со Куба.
Официјален Техеран планира да увезе 17 милиони дози вакцини преку програмата КОВАКС и милиони дози од други земји.
Оваа земја со повеќе од 83 милиони жители се бори е земја која е најтешко погодена од коронавирус на Блискиот исток.
Досега во Иран се регистрирани 58.469 смртни случаи од Ковид-19.