Ревматоидниот артритис е хронично воспалително заболување што ги зафаќа зглобовите, но понекогаш и внатрешните органи, нервниот систем и кожата. Спаѓа во групата на таканаречени системски болести на сврзното ткиво.

Една од причините за предизвикување на ревматоидниот артритис би можела да биде и претерана алергија на одреден вид храна, но не е секој случај на ревматоиден артритис поврзан со храната.

Намирници кои би можеле да го поттикнат или влошат артритисот: пченка, пченица, млеко, растителни масла омега 6 (пченкарно, сончогледово), месо (посебно говедско, свинско, сланина).

Намирници што можат да помогнат при артритис: јачмен, овес, целер, краставица, морков, ротквичка, брокула, тиквичка, магдонос, маслиново масло, масло од лен, масна риба (лосос, харинга, скуша, туна сардина – трипати неделно), јагоди, црна и црвена рибизла, круша, ѓумбир, алги, артичока, куркума, каранфилче, зелен чај. Исто така се препорачуваат намирници што се богати со магнезиум и фолна киселина.

  • Намирници богати со магнезиум:леб од интегрално брашно, овес, јачмен, ‘рж, сирење, јајца, пилешко месо, пилешко бело месо, сардина (риба, конзерва), пастрмка, грав, грашок, боранија, целер, домат, зелка, прокељ, спанаќ, цикорија и лук, јаболки, праски, јагоди, малини, портокали, сливи, какао, алги, лешници, бадеми, црно чоколадо.
  • Намирници богати со фолна киселина: пченични никулци, зелен листовиден зеленчук, коренест зеленчук, јајца, грав, грашок, туна, лосос, домат, спанаќ, прокељ, целер, магдонос, аспарагус.

ПРОГРАМА НА ИСХРАНА

Пред појадокот се препорачува чај или напиток од ѓумбир (ѓумбир во прав растворен во чаша вода). Ѓумбирот делува антиинфламаторно, така што во вид на зачин или како чај доста се препорачува за консумирање. Чајот може да се подготвува од свеж или сушен ѓумбир.

Предлози за појадок:

  • Сендвич од леб од соодветни житарки, тенок намаз од путер, кисело млеко и салата
  • Варени јајца или омлет со пиперка, салата и леб од соодветна житарка
  • Каша од житарки со кисело млеко или каша со цимет, какао, мелен лен и стевија.

Предлози за ручек:

  • Ориз подготвен како рижото со дозволен зеленчук и салата
  • Боранија, грашок или дозволени видови грав со соодветна салата од зеленчук (еднаш неделно)
  • Дозволени видови риба со зеленчук подготвен на плотна и салата

Ужина (од 16-18 ч)

  • 30 – 50 г јаткасти плодови, најдобра комбинација би била бадем, лешник, семки од тиква, ‘фстаци…
  • Овошје: јагода, малина, црна и црвена рибизла, круша, јаболко
  • Црно чоколадо 30 – 50 г

Вечера

  • Од месо се препорачува пилешко или мисиркино
  • Од риба, ослич, бранцин, орада
  • Белки од јајце
  • Од зеленчук еден вид зелен зеленчук подготвен на плотна или свеж (зелена салата, зелена пиперка, блитва, спанаќ, брокула, тиквичка, аспарагус, прокељ…)

Центар за внатрешни болести „Срце“

Тел. 02/3217-016, моб. 071/319-208

(комерцијален текст)