Наш соговорник е Мартин Теов, член на Управниот одбор на „Винер Лајф“.
Какви резултати остварува „Винер Лајф“ оваа година и како се справува со последиците од корона–кризата?
– Корона-кризата очигледно влијае на сите сегменти од економијата на државата, вклучувајќи го и животното осигурување како доста карактеристична финансиска гранка. „Винер Лајф“ како членка на австриска групација со 200-годишна традиција, својот раст го базира на стабилност и одржливост. Пазарот на животно осигурување во С. Македонија, за жал оваа година бележи пад со третиот квартал од 4,3%, пред сè поради влијанието на светската здравствена криза. „Винер Лајф“ може да се пофали со раст на премијата од 5.3% во споредба со 2019 година. Тоа се должи на отворањето на нови продажни канали, стабилноста на постоечките, како и зголемувањето на понудата и услугите што ги нудиме кон клиентите и посветеноста кон грижата за истите.
Ги спомнавте услугите, што поконкретно?
– Почнувајќи од минатата недела, комплетно го редизајниравме нашиот веб-сајт и воведовме повеќе услуги кои досега не беа достапни за клиентите. Регистрација, брзо плаќање, увид во состојбата на сите полиси што ги има клиентот, новости во однос на нашите партнери и соработници, картички за лојалност и каде може да се користат и многу други нови содржини. Идејата за новата веб-страница тлееше подолго време и конечно доби реализација и завршница оваа година, поттикната од новите случувања и сѐ почестото користење на онлајн-услугите. Животното осигурување е производ кој досега многу ретко се купуваше онлајн, со овој чекор се доближуваме до клиентите и на дигитален начин им нудиме комплетна транспарентност и увид во нивните вложувања.
Како понатаму, кои се следните чекори?
– Процесот на дигитализација во „Винер Лајф“ нема да застане тука, за наредниот период планираме нови решенија, мобилна апликација и свежи содржини на нашиот сајт. Во 2021 година имаме амбициозни планови, земајќи предвид дека особено во втората половина од годината и здравствената состојба би требало да се подобри, а со тоа и економската. Сопствената продажна мрежа бележи голем раст, за наредната година се планирани и новости со нашиот стратешки партнер Шпаркасе банка, како и подготовка на нови производи со нашиот традиционален партнер ВФП Брокер и ВФП Фонд. 2021 нека биде година на нови почетоци.
The post Разговор со Мартин Теов, член на Управен одбор на „Винер Лајф“: Транспарентност преку дигитализација appeared first on Слободен печат.
Разговор со Мартин Теов, член на Управен одбор на „Винер Лајф“: Транспарентност преку дигитализација was first posted on декември 29, 2020 at 11:00 am.