Добрата организација, одличниот кадар и сигурноста која ја нуди „Винер лајф“ придонесоа за порастот и во 2020 година, во период на пандемија, што јасно покажува дека се перцепирани како сеирозна и стабилна компанија во која парите на осигурениците се сигурни.

На тема како се справува „Винер лајф“ со коронакризата, кои се новостите во компанијата и на што ќе се фокусираат во иднина, разговараме со Марко Дамевски, менаџер за продажба.

Како се справува „Винер лајф“ со коронакризата?  

– Она што му се случува на човештвото во изминатата година со сигурност трајно ќе го смени начинот на функционирање, не само на компаниите, туку и на луѓето генерално. Затоа и компаниите кои брзо се прилагодија на новите услови на функционирање се одржаа во живот, односно продолжија со својата непречена работа.

„Винер лајф“ како гигант во својата област секако има подготвени сценарија за вакви ситуации. Добрата организација, одличниот кадар и сигурноста што ја нуди „Винер лајф“ придонесоа за порастот и во 2020 година, во период на пандемија, што јасно покажува дека сме перцепирани како сериозна и стабилна компанија, во која парите на нашите осигуреници се сигурни.

Целата криза наведе на тоа луѓето да го сменат својот став не само кон животното осигурување, туку и кон животот и иднината во глобала, односно почнаа да го ценат животот онака како што животот и заслужува да биде ценет. Сфатија дека животното осигурување не е луксуз, туку е достапно буквално за секој граѓанин и дека премијата за животно осигурување не значи трошок, туку инвестиција во мирна и сигурна иднина.

Најголемиот фокус на „Винер лајф“ во блиска иднина ќе биде дополнителниот развој на дигитализацијата, затоа што не смееме да си дозволиме да бидеме вон чекор со времето. Фотографии: Драган Митрески

Што е новост во вашата компанија?

– Како што споменав и во претходното прашање, брзата адаптација кон новонастанатата ситуација е нешто што „Винер лајф“ ја вбројува во релативно малиот број компании кои успешно ја завршија оваа година.

Она што е најново е што клиентите отсега ќе можат целосно да ја следат својата полиса, не само во делот на плаќањето, туку и сите информации поврзани со нивната полиса им се достапни со самото креирање на нивниот кориснички профил.

Направивме дигитализација на одредени процеси. Имаме комплетно нова интернет-страница, која е далеку попристапна од претходната во секоја смисла. Како во информативниот, така и во практичниот дел имплементиравме низа поволности за клиентите. Сите постоечки, но и потенцијални клиенти на „Винер лајф“ ги имаат сите информации достапни на само еден клик. Преку новата интернет-страница www.winnerlife.mk можат да се информираат околу условите за секој производ засебно, за сите дополнителни осигурувања што ги нуди одредениот производ, да направат егзактни пресметки согласно нивните параметри за производот за кој се заинтересирани, да ја споредат својата инвестиција низ различните производи, за себе да го одберат производот кој сметаат дека ќе им биде од најголема полза и кој највеќе им одговара. Дополнително, понудата можат да ја платат онлајн уште на првиот состанок со некој од нашите продажни агенти или тим-лидери. Онлајн-плаќањето не се однесува само на новите клиенти, туку и на старите кои редовно си ги плаќаат своите полиси.

На што ќе биде фокусиран „Винер лајф“ во блиска иднина?

– Без оглед на тоа што живееме и работиме во вонредни услови, фокусот на „Винер лајф“ останува ист, а тоа значи стабилен, долгорочен и одржлив развој, базиран пред сè на принципите на чесност, ориентираност кон клиентите, флексибилност, со постепено но сигурно постигнување резултати што несомнено гарантираат успех за компанијата и успех за нејзините клиенти. Најголемиот фокус во блиска иднина ќе биде дополнителниот развој на дигитализацијата, затоа што не смееме да си дозволиме да бидеме вон чекор со времето. Многу е извесен и развојот на нови платформи за усовршување и олеснување на онлајн-комуникацијата.

„Винер лајф“ континуирано и многу сериозно инвестира во своите кадри и тоа со сигурност ќе продолжи и во иднина.

(комерцијален текст)