Адвокатот на обвинетите во случајот „Монструм“ Насер Рауфи е изненаден од изјавите на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој за „Дојче Веле“ изјави дека обвинетите се обвинети врз цврсти и неоспотиви докази.
Пред утрешното рочиште, на кое одбраната ги има завршните зборови, Рауфи смета дека со ова се нарушува пресумцијата на невиност.
-Навистина ме изненади, мислам дека изјавата беше за Дојче Веле. Ме изненади со изјавата дека обвинителството поседува цврсти докази, не е коректно, дури е нарушување на пресумпција на невиноста и врши голем притисок врз судското тело. Тоа е недозволиво, изјави Рауфи ТВ21.